Јанева на итна средба со Јовески – се договориле дека постапувањето по предметите на СЈО ќе продолжи

Макфакс31/01/201914:03 141
Јавното обвинителство на РМ и специјалното јавно обвинителство излегоа со унифицирано заедничко соопштение за денешната средба меѓу државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Во соопштението пишува дека на состанокот станало збор за начелното правно мислење донесено на општа седница на Врховниот суд на Република Македонија со кое е утврдено дека СЈО не смее да покренува обвиненија и да отвора истраги по рокот од 18 месеци од поднесување на обвинението.
Во протоколарното соопштение пишува: „На средбата беа разгледани состојбите и можностите за натамошно постапување по предметите по кои постапува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“.
Јовески и Јанева се согласиле дека постапувањето по овие предмети ќе продолжи во согласност со „позитивните законски прописи“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.