Учебната година во сите основни и средни училишта почнува на 20 јануари, потврди министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
– Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потврдија дека нема пречки за почетокот на наставата. Апелирам до родителите и учениците за редовно присуство, бидејќи студиите покажуваат дека редовните ученици постигнуваат подобри резултати – истакна Јаневска.
Таа во својот апел до родителите порача да престанат со праксата да ги оправдуваат часовите и да не им дозволуваат на своите деца одмори во текот на учебната година и како што рече „децата треба да се од првиот до последниот ден на училиште, освен кога државата заради некаква поголема сила ќе одлучи дека тоа не треба да се случи“.



