петок, 27 ноември 2026
Најново

Јане Ченто со статус за  Русковска: Така завршуваат сите кои прават зло…

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вилма Русковска која досега беше шефица на обвинителството и бараше нов мандат доби гласови (од тие 14 што гласале за неа се кај неа во тимот) од вкупно обвинители кои можеа да гласаа.

Денеска Вилма се соочи со суровата реалност.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Јане Ченто со статус за  Русковска: Така завршуваат сите кои прават зло…

Со оглед на тоа што ОЈО ГОКК е најсилната алатка за борба против организираниот криминал и корупција Вилма потфрли тотално.

Избрана беше во 2018 год кога во тек беше судењето за 27ми Април и преку тоа обвинение кое беше КЛАСИЧНА МОНТАЖА се награди за 4 годишен мандат во ОЈО ГОКК.

Веќе не им е потребна и затоа ја пуштаат по вода бидејќи знаат дека е товар на вратот со сите глупости што ги направи.

Преку нашиот предмет и Кацарска исто така беше наградена за претседател на Уставен суд.

Само за да сфатите која игра се играше и се игра сеуште каде преку невини луѓе градеа и градат кариери.

ВИЛМА како една од најпослушните обвинители, односно обвинител на секоја власт направи многу фамилии да страдаат со нејзините монструозни и монтирани обвиненија за да денес нејзините колеги и дадат % доверба на гласањето.

Ако нејзините колеги не и веруваат во тоа што го направила изминатите 4 години, како е можно судот или граѓаните да и веруваат?

Така завршуваат сите кои прават зло….

Поврзани вести