Јапонец „има план“ да создава видеоигри и по смртта

Јапонецот Хидео Коџима, изумител на видеоигри, како што се „Death Stranding“ и „Metal Gear Solid“, верува дека ќе продолжи да создава игри и откако ќе го нема… Имено, тој открива дека има прилично уникатни планови со коишто се обидува да си овозможи „живот“ на Земјата и по смртта.

– Ќе продолжам да водам сѐ дури сум тука, а сѐ што ми е важно е нашите корени, кога станува збор за создавањето, да останат недопрени. Но, веројатно ќе останам на земјата како вештачка интелигенција по смртта, појасни тој. – Треба да бидете стимулирани на многу различни начини ако сакате да продолжите да создавате нови работи, па претпоставувам дека и натаму ќе соработувам со други и ќе прифаќам нови работи, дури и ако не сум официјално жив, нагласи Коџима.

Според него, новата технологија постојано ја заменува старата.

– Технологијата што ја користите денес можеби нема да биде применлива утре, а јас сум заинтересиран да најдам начини да го вградам новото. Погрешен избор може да значи неуспех, се разбира. Тоа е малку слично на вселенска програма, додаде визионерот.

Проговори и за неговиот проект со „Мајкрософт“.

– Проектот бараше инфраструктура којашто никогаш порано не била потребна, па разговарав со многу различни големи компании и правев презентации, но се чинеше дека сите мислеа оти сум луд. На крајот, „Мајкрософт“ покажа разбирање и сега работиме заедно на проектот, објасни тој.

Коџима не кажа повеќе подробности за тој проект, но во меѓувреме, „Death Stranding 2“е во продукција, а во тек е и филм заснован на првиот дел од оваа видеоигра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.