Јапонската лунарна сонда слета на Месечината

 – Јапонија успешно спушти лунарна сонда на Месечината, соопшти денес Јапонската вселенска агенција.

Јапонската агенција за аеровселенско истражување соопшти дека паметниот лендер за истражување на Месечината успешно слетал на површината на Месечината на 20 јануари 2024 година, во 00:20 часот.„Комуникацијата со вселенското летало е воспоставена по слетувањето“, се вели во соопштението.Но, агенцијата додаде дека соларните ќелии моментално не генерираат енергија, а приоритет е даден на стекнувањето податоци од паметниот лендер на Месечината.„Детална анализа на добиените податоци ќе биде спроведена во иднина и ќе продолжиме да споделуваме ажурирања за ситуацијата“, се наведува во соопштението.Според Јапонската радиодифузна корпорација (НХК), Јапонија е петтата земја што го постигнала овој подвиг, по поранешниот Советски Сојуз, САД, Кина и Индија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.