ЛУИС ЕНРИКЕ: Јас сум одговорен, идната недела ќе зборуваме за мојата иднина!

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике после болната елиминација на стартот на елиминациите на СП во Катар по поразот со 0-3 од Мароко на пенали, објави дека идната недела ќе разговара за неговата иднина.

Уште пред Мундијалот, шпанските медиуми објавија негово заминување без оглед на исходот и успехот, но допрва ќе се знае дали Шпанија ќе се обиде да го задржи или ова ново фијаско ќе заврши со заминување на актуелниот кормилар.

„Идната недела ќе зборуваме за мојата иднина, сега не е вистинското време. Јас ја преземам одговорноста за ова“, рече Енрике.

Тој посочи дека неговите фудбалери мора да научат и да губат, како што научиле и да победуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.