Ја крена ногата над глава на 60 години

За популарната Лепа Брена или Фахрета Јахиќ-Живојиновиќ досега нема што не е кажано, па сепак таа и понатаму го привлекува вниманието на публиката. Иако е како што сите велат полна ко брод, таа не застанува, работи со полна пареа.
– Велат дека имам пари, а тоа според нив значи дека не треба веќе да пеам. Не разбирам какви се тоа бизарни прашања од типот: А, зошто ти Брено работиш уште кога имаш од што да живееш, зошто не си во пензија? Мислам….што треба да им одговорам на таквите кои не се слушаат што прашуваат, хахахахаа…. Дали да кажам, затоа што не можам дома да седам да варам грав или затоа што не сакам да везам некој гоблен за продавање, коментира популарната пејачка која ја иритираат прашањата околу нејзиното богатство…. Пејачката пред да стане ова што е денес, еден период од својот живот го поминала и во нашето Скопје. Тоа било пред дваесетина години кога со Боба имаа бизнис, а имаа и фирма во Скопје.


– Со задоволство го памтам тоа време. Македонија ми е во срцето. Само што денес Скопје не можам да го препознам, многу е сменето, многу е изградено, па и самата таа “Водњанска” по која се движевме воопшто не ми е иста, коментира згодната Фахрета.
Навистина, Лепа Брена е жена од бизнисот. Со Саша Поповиќ ја имаат “Гранд продукција” која произведува многу музички таленти, а преку нивното ТВ-шоу “Ѕвездите на Гранд” (кое од септември повторно тргнува на малите екрани) и многу македонски таленти преку ноќ станаа популарни пејачи, како на пример: Ристе Ристески, Огнен Здравковски, Ален Хасановиќ, Стефан Величковски, Христијан Тришоски, Филип Божиновски….
Српската музичка ѕвезда Лепа Брена деновиве има концертна турнеја, а откако настапи на Кикинда, следеше концертот во Александровац.
Брена долги години наназад ја држи својата популарност, а и по распадот на Југославија, таа остана број еден меѓу пејачките иако се појавија доста, но ретко која успеа да ја достигне нејзината слава и богатство.
Но кога е тековната турнеја во прашање, Брена својот изглед го сведе на сексапилот и секако долгите нозе по кои е препознатлива.
Лепа Брена има концертна турнеја, а откако настапи на Кикинда, следеше концертот во Александровац.
Таа сподели фотографии, а на едната ногата ја крена превисоко.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.