Ја оживувале дури 6 пати, а полни 27 минути била клинички мртва (ВИДЕО)

Тина, мајка на четири деца која била клинички мртва дури 27 минути тврди дека „рајот е реален“. Кога ја вратиле во живот, прво побарала хартија и пенкало и напишала „it’s real“ (вистински е).
Тина Хајнс добила срцев удар во февруари пред заедно со својот сопруг да тргне на планинарење во Феникс во американската сојузна држава Аризона.
Таа само паднала на под, а потоа се освестила и повторно паднала во несвест пред да стигнат болничарите. До болница ја оживувале дури 6 пати, а полни 27 минути била клинички мртва, кажало нејзиното семејство.

Опишувајќи што точно тогаш видела рекла дека било навистина реално, боите биле силни. Тина уште додала дека видела лик на Исус како стои пред црна врата со жолто светло над главата.
Нејзината внука Меди Џонсон вели дека целата приказна толку ја допрела што го истетовирала на раката она што Тина го напишала кога се вратила во живот.
– Нејзината приказна е толку реална што би било штета да не се сподели. Мене ми ја врати верата која често поминува незабележано, објавила Меди на Инстаграм.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: