Ја продава невиноста за 2,3 милиони евра: „Сакам мајка ми да ја направам горда“

Манекенка ја понудила својата невиност на аукција, а најголемата понуда наводно била околу 2,3 милиони евра за тоа искуство.
Се верува дека јапонски политичар понудил најмногу пари на аукцијата за невиноста на 23-годишната Махбуба Мамаџада, на германскиот сајт „Cinderella Escorts“.
Манекенката од Азербеџан сака парите да ги искористи за да го пропатува светот со својата мајка, пренесува Daily Star.
Махбуба има и медицинска потврда за својата невиност.
Под псевдонимот „Maria“, таа исто така бара спонзор кој би ѝ давал месечен џепарлак од околу 30.000 евра.
Во четвртокот, сајтот известил дека аукцијата е затворена. Потврдиле дека човекот со втората најголема понуда е адвокат со адреса во Лондон, додека третиот наводно е фудбалер од Минхен.
Како дел од договорот, „Cinderella Escorts“ ќе земат 20% од провизијата.

 

View this post on Instagram

 

? #burjalarab #uae ??

A post shared by Love Dogs? (@mahbuba_mammadzada) on


Оној кој ќе понуди најмногу мора да плати 10% однапред – за да докаже дека е сериозен, и да резервира хотелска соба за нив.
„Трансакцијата“ ќе се одвие во Германија, каде продажбата на сексот е легална.
Во својата пријава навела дека сака на мајка си да ѝ купи куќа и да го пропатуваат светот. „Сакам да живеам во САД и да ја продолжам манекенската кариера со некоја од најдобрите агенции таму.“
„Сакам кучиња и сонувам за отворање живеалишта за нив во својата земја.“

 

View this post on Instagram

 

#castngs

A post shared by Love Dogs? (@mahbuba_mammadzada) on


„Мојата мајка досега нарави сè за мене и сега јас сум на ред, сакам да ја направам горда.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.