Ја ставате ли раката кога ќе кивнете? Правите грешка!

Дали некогаш сте се обиделе да го запрете кивањето? Сигурно да, и сигурно тоа не ви успеало. Станува збор за рефлексија на организмот за да ги исфрли токсините.
Притоа, многумина од нас инстиктивно ја покриваат устата со рацете за да не ги исфрлиме во околината микробите кои се наоѓаат во плунката.


Всушност, така нè учеле од мали нозе, во прашање е и доброто воспитување.
Сепак, според д-р Винсент Хил, таквата навика би требало да ја промениме.
Кога имаме потреба да кивнеме, би требало и устата и носот да ги покриеме со марамче, најдобро со хартиено, еднократно, кое можеме веднаш да го фрлиме.
Ако кивнете во рацете, на пример, во јавниот превоз, на работноро место и слично, лесно можете да ги пренесете вирусите и бактериите на другите луѓе околу себе, бидејќи со рацете ќе ги пренесете и на другите површини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.