Пејачката Јелена Карлеуша остро реагираше на социјалните мрежи по скандалот што се случи на концертот на Цеца во Велес, каде пејачката беше исвиркана од публиката откако се појави со бугарско знаме на сцената.
Во својот твит Карлеуша го осуди чинот, наведувајќи дека е недозволиво во сред Македонија да се огрнеш со знамето на земја која го негира името и постоењето на државата.
https://x.com/karlinbich/status/198452037296050613
Инцидентот во Велес предизвика бројни реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Дел од присутните сведочеа дека публиката почнала да свирка и да го напушта концертот веднаш по гестот со бугарското знаме, по што настапот бил прекинат.
Карлеуша со својата објава дополнително ја разгори јавната дебата, а нејзиниот став беше поздравен од голем број корисници на интернет кои го поддржаа нејзиниот коментар за почит кон македонската држава и народ.
The post Јелена Карлеуша остро реагира по скандалот во Велес: „Да се завиткаш во знаме на земја што ја негира Македонија е дно!“ appeared first on Во Центар.



