четврток, 12 ноември 2026
Најново

Јелена Карлеуша ја прошета својата „биркинка“ вредна 15.000 евра

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поп-пејачката пред неколку дена им се пофали на своите следбеници на социјалните мрежи со новата чанта и го предизвика гневот на борците за заштита на животните, бидејќи чантата е изработена од телешка кожа, а Карлеуша се декларира како вегетаријанец и голем љубител на животните.
Откако ја „распнаа“ на социјалните мрежи, фрлајќи сенка врз нејзината нова чанта од популарната модна куќа „Ерме“, за која постои листа за чекање од две години, Јелена Карлеуша одлучи и да ја прошета својата „биркинка“ вредна 15.000 евра.

Прошетката беше со нејзината мајка Дивна Карлеуша, а судејќи по изразот на лицата на двете дами, изгледа дека популарната пејачка и не ја погодиле коментарите на „хејтерите“ за сметка на телешката кожа од која е изработена чантата.

Поврзани вести