Јелена Мартиновска е жртва на групата „Јавна Соба“

Дваесет и едногодишната Јелена Мартиновска од Скопје, е една од жртвите во вознемирувачката група „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм.
Таа за медиумите изјави: – Прво сакам да кажам дека сум мажена и дека воопшто не е пријатно сопругот да ме гледа на вести. Многу ми е непријатно зашто уште од вчера почнаа да ми праќаат пораки во инбокс, маж ми ме виде на вести. И за ова проблемот е што знам точно кој пишува од тие профили, знам и што пишува. Вчера една личност ми се закани дека ќе паднам на најниско можно ниво и после половина час почнаа да ме аднуваат и да ми пишуваат и се појавив во „Јавна соба“.
И државата треба да поведе постапка и јас лично ќе поднесам приватна постапка за нарушување на честа и угледот, вели таа. Извор ДОКАЗ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.