ЈК го слави 42-от роденден: Честитки и подароци безброј, емотивната порака од нејзините ќерки особено ја разнежни

Пејачката Јелена Карлеуша денес 17 август го слави 42-от роденден, а честитки и подароци доаѓаат од сите страни. 

Од минатата ноќ, поточно после  полноќ, Јелена ги споделува објавите на своите пријатели на Инстаграм, кои за овој прекрасен повод и упатија честитки, а на нејзината адреса пристигнаа и неколку убави букети цвеќиња.

Постарата ќерка на пејачката Атина Тошиќ објави заедничка фотографија со својата мајка и и честиташе за роденденот, што особено ја разнежни пејачката, која е многу блиску со нејзините наследнички.

 – Среќна роденден мама, да бидеш жива и здрава уште 10 000 години – напиша Атина и додаде неколку срца, а Јелена во коментар и напиша: „Мамина убавица“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.