петок, 27 ноември 2026
Најново

Јокиќ го води тајм-аутот по отказот на легендарниот тренер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шокантниот отказ на Мајк Мелоун го потресе Денвер. Нагетс го отпуштија тренерот кој ги водеше десет години и со кој пред две години ја освоија НБА лигата. Тоа го направија по четири порази во низа, но и по 79 натпревари од регуларниот дел од сезоната. Така ја направија најновата тренерска смена во историјата на НБА кога се во прашање екипите кои одат во плеј-офот.
Тимот привремено го презеде помошникот на Мелоун, Дејвид Аделман. Само ден подоцна Нагетс играа во Сакраменто и предводени од Никола Јокиќ остварија важна победа 124:116. Така, на два натпревари пред крајот на регуларниот дел, тие останаа меѓу шесте најдобри екипи пред баражот.
Вирална сцена од играта покажува како Јокиќ повикува тајм-аут. За време на паузата камерите го фатија како им објаснува на играчите што треба да играат со табла и маркер. Тоа видео стана хит во контекст на неодамнешната тренерска промена во Денвер.

Nikola Jokic agora é o técnico do Denver Nuggets https://t.co/zbQUR0rZLH
— NBA do Povo (@NBAdoPovo) April 10, 2025

Јокиќ мечот го заврши со 20 поени, 12 скока и 11 асистенции, но пред крајот на третата четвртина веќе имаше трипл-дабл. Ова е негов 33-ти трипл-дабл сезонава и 163-ти во кариерата. Повеќе од него во историјата на НБА имаат само Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (203).

Поврзани вести