петок, 27 ноември 2026
Најново

Јокиќ повторно испиша историја во НБА

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кошаркарите на Денвер Нагетс изборија пласман во големото финале на Западната конференција, откако во одлучувачкиот седми натпревар ја совладаа екипата на ЛА Клиперс со резултат 120:101.
Повторно во центарот на вниманието беше Никола Јокиќ, кој со својата игра испиша уште една страница во историјата на НБА лигата. Српскиот ас го заврши натпреварот со 16 поени, 10 скокови и 8 асистенции, продолжувајќи ја својата доминација низ целата серија.
Дополнително, триумфот над Клиперс има посебна тежина за Јокиќ, бидејќи за првпат успеа да елиминира тим со 50 или повеќе победи во регуларниот дел од сезоната. Екипата од Лос Анџелес ја заврши сезоната со скор од 50 победи и 32 порази, што ги прави најквалитетниот ривал што српскиот центар досега го победил во плејоф натпревари.

Поврзани вести