Јонуз: ВМРО-ДПМНЕ “ќе ги лапне уставните измени ко поп сарма

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се договорени одамна, ова е само наратив за пошироката јавност пред гласање на уставните измени, вели Филип Петровски денеска во гостувањето во Само Вистина.

-Знаете што се’ беше наратив, сега бидејќи притисокот е да се завршат уставните измени, странците му даваат лижавче за да влезе во оваа игранка, но ми се чини дека ова е креирање на наратив за јавноста, бидејќи тие се договорени одамна. Се зборува дека кон крајот на минатата година имаше серијал средби меѓу Мицкоски и Заев, ова е парада за јавноста, нели се зборуваше срамежливо дека треба да има влада, да се прати ДУИ во опозиција, и се заврши тоа волшебно во еден период, вели Петровски.

Агим Јонуз вели дека ВМРО-ДПМНЕ “ќе ги лапне уставните измени ко поп сарма или оџа локум” и вели дека двете партии се подготвуваат за следните избори, да купуваат поени кај гласачкото тело за да се извадат од штетата од уставните измени.

Пронајдете не на следниве мрежи: