Спотот, кој првично беше најавен за во јануари е завршен со мало одложување заради многуте ангажмани кои пејачот ги имаше во тој период.
Спотот Митев го работеше со „Арт Продукција“, а судејќи според досегашната пракса, публиката со сигурност може да очекува високо квалитетно и професионално видео.
Во спотот за песната во која може да се пронајде секоја генерација на слушатели и уживатели на македонската народна песна, учествуваа голем број на статисти, а како и секогаш Митев акцент даде кон истакнување на квалитетни и интересни места од неговото поднебје. Како главна локација за снимање на видеото беше ресторанот „Тиамо Гарден“ во Радовиш.
Промоцијата на спотот може да се очекува наскоро. За престојниот период најавено е уште едно снимање на спот, надвор од границите на нашата земја, но повеќе детали не се откриваат.