Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје информираше дека денеска жичницата на Водно нема да сообраќа поради засилен ветер.
Од претпријатието велат дека јачината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за нормално и сигурно функционирање на објектот.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во моментот кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, соопштија од ЈСП Скопје.



