Јувентус би можел да испадне од Серија А

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри призна дека клубот би можел да испадне од Серија А затоа што не е во најдобра форма, а притоа му беа одземени 15 бодови.

Италијанскиот спортски суд го казни Јувентус пред 10 дена со одземање на 15 бодови, по што екипата беше поразена од Монца со 0-2 во 20. коло и тоа го вклучи алармот во Торино.

„Мора да бидеме свесни за нашата позиција на табелата, а не да размислуваме како да имаме 38 бодови. Во моментов имаме 23 бода и мора така да се однесуваме. Секој меч е решавачки. Мора да освојуваме бодови за да останеме во Серија А“, кажа Алегри.

Пронајдете не на следниве мрежи: