петок, 27 ноември 2026
Најново

Јувентус надомести три гола заостанување, Верона избори опстанок

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај


Во средбата од 37. коло на италијанското фудбалско првенство Болоња и Јувентус одиграа 3:3 откако Јуве во самата завршница надополни негатива од три гола.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Откако домашните поведоа со 3:0, се чинеше дека Болоња ќе ја оствари првата победа против торинската „Стара дама“ по 2011 година, кога славеше во Торино со 2:0, а првата победа на домашен терен против Јувентус по цели 26 години. .

Сепак, „ранетиот“ Јуве под водство на тренерот на младиот тим Паоло Монтеро, кој привремено го презеде кормилото откако Масимилијано Алегри доби отказ, направи чудесен пресврт и на крајот беше чекор до победата.

Болоња поведе во 2. минута со голот на Рикардо Калафиори, а во 11. минута беше 2:0 откако погоди Сантијаго Кастро погоди. Кога Калафиори го постигна својот втор гол на натпреварот во 53. минута за предност на домаќините од 3:0, се чинеше дека Болоња рутински ќе слави. Сепак, се случи чудесен кам-бек на гостите, кои во интервал од само седум минути постигнаа три гола, од 76. до 84. минута.

На 1:3 намали Федерико Киеза во 76. минута, Аркадиуш Милик погоди за 2:3 во 83. минута, а минута подоцна Кенан Јилдиз израмни на 3:3. Во самата завршница гостите имаа уште две можности за целосен пресврт, но на крајот останаа 3:3.

Двете екипи веќе се пласираа во Лигата на шампионите, а ова беше дуел за третото место. Одлуката кој ќе биде зад Интер и Милан е одложена за последното коло, во кое Болоња и Јуве влегуваат боовно израмнети.

Во претходниот натпревар во понеделникот Верона на гости ја победи Салернитана со 2:1 и ги освои бодовите важни за опстанок во елитното друштво. Головите за победа на Верона ги постигнаа Томаш Суслов во 23. минута и Михаел Фолоруншо во судиското надополнување на првиот дел, додека Алесандро Заноли погоди за домаќините во 90. минута.

Салернитана следната година ќе игра во Серија Б, а со оваа победа Верона скокна на 13-то место обезбедувајќи прволигашки спас. Пред крајот на колото има четири бода повеќе од Емполи на 18-та позиција што води во послаб пласман. Сасуоло со 29 и Салернитана со 16 бодови се сигурни патници во Серија Б.

Интер од поодамна ја осигури ритуалата и моментално има о 93 бода пред градскиот ривал Милан кој има 74, а Болоња и Јувентус сега имаат по 68 бодови.

Поврзани вести