Јувентус по 15-ти пат го освои италијанскиот куп




Фудбалерите на Јувентус го освоија овосезонскиот Куп на Италија, во финалниот натпревар одигран на Олимпискиот стадион во Рим, торинскaта „Стара дама“ ја совлада Аталанта со 1:0.

Финалето беше решено уште во четвртата минута, кога Камбијазо упати одлична асистенција во просторот, а Душан Влаховиќ го издржа противничкиот играч на себе и погоди за 1:0. Во останатиот дел од натпреварот немаше повеќе голови, но немаше ниту големи шанси.

Аталанта напаѓаше, шанса во финишот на првото полувреме имаше и хрватскиот репрезентативец Марио Пашалиќ, но Јувентус до крајот ја задржа минималната предноста.

Јувентус го освои рекордниот 15-ти трофеј наменет за победникот во Купот на Италија во историјата. По девет победници беа Рома и Интер кој славеше минатата сезона. Аталанта остана на само еден освоен Куп во својата историја, оној во далечната 1963 година, а потоа загуби дури пет пати во финалињата.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: