Јувентус сака да се ослободи од Погба

Раководството на Јувентус го губи трпението со Пол Погба кој постојано е повреден, челниците на клубот размислуваат да го продадат или да му го раскинат договорот.

Погба се врати во Јуве откако му истече договорот со Манчестер јунајтед, но Французинот се уште не заиграл, цело време е во аут поради повреда.

Кога се чинеше дека повредата е минато и тој требаше да се врати, повторно заработи ситна повреда и го одложи враќањето на теренот.

Актуелниот договор на Погба со Јувентус трае до јуни 2026 година. Според „Газета дело Спорт“ во клубот размислуваат како да се ослободат од францускиот фудбалер бидејќи немаат никаква користи од него, само финансиска штета.

Пронајдете не на следниве мрежи: