Јунајтед победи, но го загуби Ван Перси

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Квинс Парк Ренџерс, во 27.коло, во Премиер лигата.
‘Црвените ѓаволи’ на теренот на противникот забележаа победа со 2:0, со головите на Рафаел и Гигс, но победата ја платија со повредата на Ван Перси.
Холандскиот напаѓач, најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед оваа сезона, се повреди во финишот на првиот дел, откако се удри во камерата која беше поставена зад голот на КПР.
Арсенал продолжи со неубедливите изданија, откако со тешка мака ја победи Астон Вила со 2:1, Санти Казорла ги постигна двата гола за ‘тобџиите’.
Фулам минимално го совлада Стоук, со голот на Бербатов, додека Виган забележа исклучително значајна победа во Рединг со 3:0.
Евертон против Норич водеше со голот на Осман се до 84.минута, кога Камара израмни, а Холт во последната минута од мечот му ја донесе победата на Норич.
ВБА, ја надмина кризата и против Сандерленд ја забележа втората победа во низа, двоен стрелец за ВБА беше Лукаку.
МакфаксФудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Квинс Парк Ренџерс, во 27.коло, во Премиер лигата.

Пронајдете не на следниве мрежи: