„Јутјуб“ и „Гугл“ парично казнети- еве ја причината

Гугл и нивниот видео портал Јутјуб, обвинети се за кршење на закони со изложување на деца на несоодветни видеа или собирање лични информации за нив. Тие ќе платат казна од 170 милиони американски долари во САД, објави денеска Агенцијата за заштита на потрошувачите (ФТЦ).
Постигнат е договор за тоа што треба да добие зелено светло од Министерството за правда на САД.
Сепак, ова е досега далеку најголема казна во случај што се однесува на заштита на приватноста на децата.


Во април 2018 година, 23 организации за права на Интернет и заштита на децата поднесоа жалба до Агенцијата за заштита на потрошувачите.
Тие го тужеа Јутјуб дека без знаење на родители добира лични подаотци на малолетници (место, уред што го користат, телефонски број) без знаење на нивните родители и ги користат за целни реклами.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.