Љајиќ и Јоветиќ се поиграа со Интер

Фудбалерите на Фиорентина забележаа убедлива победа над Интер со 4:1, во дерби натпреварот од 25.коло во Серија А.Натпреварот на „Артемио Франки“ во Фиренца, мина во знакот на поранешните фудбалери на белградски Партизан, Адем Љијиќ и Стеван Јоветиќ, кои постигнаа по два гола.Љајиќ головите ги постигна во 13. и 65. минута, додека Јоветиќ голманот на Интер го совлада во 30. и 55.минута. Почесниот гол за Интер го постигна Антонио Касано на три минути до крајот на натпреварот.Фиорентина со оваа победа остана на шестото место на табелата но сега со 42 бода има само бод помалку од петтопласираниот Интер.Колото во Серија А, во понеделник ќе го затворат Сиена и Лацио.
МакфаксФудбалерите на Фиорентина забележаа убедлива победа над Интер со 4:1, во дерби натпреварот од 25.коло во Серија А.

Пронајдете не на следниве мрежи: