„Љубовта со Брена умееше да боли“

Некогашниот тениски ас се присети на почетоците на својата љубовна врска со фолк-пејачката Лепа Брена
Во семејството на бившиот тенисер Слободан Живојиновиќ (55) никогаш не недостигаат поводи за славење. Додека изминативе години прославуваа родендени, дипломирања и годишници, 2018-та година ја обележи венчавката на најстариот син Филип и Александра Пријовиќ, кои наскоро ќе добијат и принова. Боба се присети на потсети на почетоците на неговата љубовна врска со фолк-пејачката Лепа Брена, со која е во брак повеќе од триесет години.


Брена и јас се запознавме во октомври 1987 година и заедно сме веќе триесет и една година. Мал број луѓе од јавната сфера опстојуваат толку долго, но ние создадовме хармонично семејство, се сакаме и се почитуваме и тоа е она што е најубаво и најважно“, раскажа Боба за story.rs, додавајќи:
Многу е тешко да издвојам еден настан и да кажам дека ми е најдраг, но затоа можам да кажам што ми беше најтешко во врската со Брена. Нашата врска беше на голем испит во почетокот бидејќи јас постојано патував на турнири, а таа на концерти. Тоа беше време кога поради големата љубов и страст сакавме постојано да бидеме заедно, а моравме да ги усогласуваме нејзините концерти со моите турнири, што не беше лесно. Ја одржавме врската благодарение на големите компромиси бидејќи кога сте вљубени, а саканата личност нема да ја видите месец-два, тогаш тоа ве боли. Но вистинската љубов изгледа секогаш боли. За среќа или несреќа, во почеток на 1992 година го повредив ‘рбетот кога го играв Дејвис купот против Австралија на Кипар. Се обидов да ја санирам повредата, но не ми одеше, па одлучив да престанам професионално да се занимавам со тенис, да и’ се посветам на Брена и на нејзините концерти.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.