Љутков: Грижата за македонскиот јазик е чин на патриотизам

Министерството за култура и туризам во ова динамично време акцентира дека грижата за македонскиот јазик претставува акт на современ патриотизам. Оваа одговорност треба да биде конкретна, долгорочна и институционална. Треба на јазикот да му пристапуваме со љубов, компетентност и внимание, да го говориме и негуваме со достоинство, изјави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, за време на одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во Македонската академија на науките и уметностите. Македонскиот јазик, низ историјата, често беше соочен со забрани и негирања, со туѓи азбуки и прикриени идентитети, но секогаш успеваше да остане жив. Како пат оптегнат со предизвици, македонскиот јазик поминуваше низ бројни искушенија, но никогаш не потклекна. Дури и кога беше потиснуван и оспоруван, и покрај напорите да биде замолчен, тој едноставно продолжи да пулсира со сила на истрајност и обнова, подвлече Љутков.
Во мај 1945 година македонскиот јазик доби официјална кодификација и признание, и ние сме обврзани не само да го користиме, туку и да го заштитуваме и негуваме. Љутков истакна дека со поддршка на Владата и Министерството за култура и туризам формиран е Инспекторат за правилна употреба на македонскиот јазик. Оваа институција не е создадена за контрола, туку за насочување кон почитување, едукација, совети и потсетување на општеството дека јазикот е нашето заедничко, непроценливо богатство и најважен национален приоритет, додаде Љутков.
The post Љутков: Грижата за македонскиот јазик е чин на патриотизам appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: