Љутков: Концертот „Македонисимо“ на Трпчески во Рим носи значајна порака

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој е дел од делегацијата предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, го честиташе празникот 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј, од Рим. Тој истакна дека браќата се основата на нашата писменост, култура и традиција, и дека нивната мисија и визија мора да продолжиме да ја носиме напред за зачувување на нашиот идентитет и наследство. Во рамките на културната програма за одбележување на овој значаен символичен празник, вечерва во Рим ќе се одржи концерт на пијанистот Симон Трпчески под наслов „Македонисимо“. Според Љутков, изборот на овој изведба е одличен начин да се покаже македонската култура во светски рамки. Љутков изрази оптимизам за голем одзив и посети на концертот, нагласувајќи дека станува збор за важна порака до сите Македонци, каде и да се, дека секогаш се добредојдени дома и се главни амбасадори на македонската култура.
The post Љутков: Концертот „Македонисимо“ на Трпчески во Рим носи значајна порака appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: