Министерот за култура и туризам и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Зоран Љутков, учествува на 43-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, која се одржува во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд, Република Узбекистан.
Во својот говор пред присутните, Љутков ја истакна посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на соработката со УНЕСКО и активно учество во спроведувањето на иницијативи што ги обединуваат образованието, науката, културата и иновациите во служба на одржливиот развој.
„Нашата земја има посебна почит кон УНЕСКО, организација која преку своите активности го оправдува своето постоење со промовирање на универзални вредности и развојни цели од заеднички интерес. Горди сме на придонесот што го даваме во промоцијата и спроведувањето на активностите на организацијата на национално, регионално и меѓународно ниво“, нагласи Љутков.
Тој нагласи дека владата на земјата посветува посебно внимание на областите што се во фокусот на УНЕСКО, заштитата на културното и природното наследство, борбата против климатските промени, како и развојот на нови технологии, дигитализацијата и вештачката интелигенција.
The post Љутков: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО appeared first on Во Центар.



