четврток, 26 ноември 2026
Најново

Љутков: Не помина тендерот за изградба на Универзална сала, има жалба во однос на изведувачот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за култура, Зоран Љутков денеска информира дека тендерот за изградба на новата Универзалната сала не поминал. Вакво известување добил од Комисијата за жалби. Според него, имало одредена жалба во однос на изведувачот.

-Според мене, тоа не е суштински проблем, но, како и да е, има известување од Комисијата. Наредната недела ќе го повториме тендерот, кажа Љутков и додаде дека работата за завршување на обновата ќе се одолговлечи уште два месеци.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Сепак, министерот смирува дека постапката ќе трае помалку, но веднаш ќе го распишат тендерот откако ќе поминат 10-те дена по известувањето на Комисијата за жалби. Љутков се надева дека до средината на јануари 2026 година ќе го имаат новиот изведувач на Универзална сала.

Поврзани вести