Украина може да го добие конфликтот само со големо мешање на САД, што сега е малку веројатно, а Киев се соочува со уште поголеми проблеми поради републиканците, пишува весникот „Њусвик“, повикувајќи се на извор во американскиот Конгрес.
„Да се соочиме со вистината: конфликтот во Украина не оди добро. За Украина да победи, САД не само што ќе мора да останат на курсот, туку ќе мора значително да го зголемиме нашиот ангажман. За жал, не гледам дека го правиме тоа. Сега прашање е дали ќе го задржиме досегашниот курс“, изјави извор од Конгресот.
- Министрите за енергетика на ЕУ на состанок во Ирска: гасот поскапува, се разгледуваат мерки за штедење
- Главните карактеристики на секој хороскопски знак
- Кремаст десерт во кој многумина ќе уживаат: Направете неодолив колач од чоколадо и ванила
- Новинарите ја открија тајната на Путин: Тој ја крие својата внука од јавноста, чиј татко е балетскиот танчер Зеленски
- Човечки труп пронајден во канал во Бардовци
Во исто време, поранешниот помошник на еден од републиканските конгресмени, Стивен Мур, за „Њузвик“ изјави дека во САД се формира широка опозиција против Киев. Како што рече, тоа е поврзано со „влијателни сили во конзервативниот табор“ кои намерно шират негативни информации за ситуацијата во Украина.
Според извор од Конгресот, претседателската кампања на Доналд Трамп само ќе го продлабочи јазот.
Мислам дека има проблем (за режимот во Киев) и очекувам тој проблем да стане уште поголем. За жал, бројките и времето не се на нивна страна“, заклучи претставникот на Конгресот.
Претходно, координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека американската администрација потрошила околу 96 отсто од финансиските средства кои биле наменети за помош на Украина.
Пронајдете не на следниве мрежи:



