Њукасл во финале првпат по две и пол децении! (ВИДЕО)

Клубот со најголем напредок во англискиот фудбал оваа сезона го потврди тоа и на дело. Њукасл обезбеди финале во англискиот Лига-куп совладувајќи го вечерва Саутемптон и во реваншот на сопствен терен, со 2-1. Популарните „страчки“ славеа со истиот противник и на гости со 1-0, пред една недела.

Не требаше долго Њукасл да ја наметне својата улога на фаворит, бидејќќи поведе уште по пет минути игра со голот на Лонгстаф. Истиот играч ја понесе славата и при вториот погодок, 16 минути подоцна, а целата возбуда беше концентрирана во првиот дел, бидејќи Саутемптон намали на 2-1 во 29. миута, по една грешка на домаќините. Стрелец беше Че Адамс.

Ова е прво големо финале за Њукасл, по 1999 година, кога играше завршница во ФА-купот. Но и тогаш загуби, па затоа последниот голем пехар во клубот датира уште од 1969 година, од Купот на саемски градови.

Пронајдете не на следниве мрежи: