Њујорчани гледаа вистински спектакл: Брат и сестра на жица го поминаа Тајмс Сквер

Ник и Лијана Валенда го минаа Тајмс Сквер одејќи по жица распната меѓу два облакодери на 25-от кат, а илјадници њујорчани го гледаа овој невиден спектакл. Ник Валенда е искусен акробат, а сестрата Лијана му се приклучи во неделата вечерта за прв пат по речиси фаталната несреќа во 2017, кога ги скрши безмалку сите коски на лицето. Тие тргнаа од спротивни насоки по жицата долга 400 метри и се сретнаа на средината. Потоа продолжија понатаму до крајот на жицата над илјадниците возбудени гледачи.
Спектаклот во живо го пренесувала телевизијата ABC.  Иако се изгледало совршено, по подвигот Ник изјавил дека во еден момент почнал да му се лизга стапот за баланс и се исплашил.
Акробатското семејство Валенда е познато уште од 1780 година во Хабсбуршката монархија, кога нивните предци настапувале како трупа од акробати и жонглери. Покрај по најневеројатните акробации членовите на ова семејство се познати и по тоа што никогаш не користат заштитини мрежи, ниту на претставите ниту на пробите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK