Њу Џерси: Две лица загинаа во поплави, околу 40 се спасени

Две лица загинаа во ненадејни поплави во Плејнфилд, Њу Џерси, а околу 40 лица се спасени, соопштија локалните власти.

Две лица загинаа во силни бури претходно овој месец во Плејнфилд, а градоначалникот Адриан Мап изрази сочувство за загубата на четири лица за краток временски период, објави ABC News.

Порано денес, гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, прогласи вонредна состојба, бидејќи бури и поплави ги погодија и другите делови од североисточниот дел на САД, вклучувајќи го и Њујорк.

Пронајдете не на следниве мрежи: