Ќерката на Стив Џобс проговорела за својот однос со него – Ми рече дека мирисам на тоалет

Стив Џобс беше визионер и голем изумител, но изгледа дека бил многу лош татко. Иако и самиот бил отфрлен од родителите, Џобс на истиот начин се однесувал кон својата најстара ќерка.
Лиса Бренан-Џобс е ќерка на Стив од неговата врска со Крисан Бренан, а иако ДНК анализата покажала дека тој ѝ е татко, Џобс со години одбивал да го признае тоа.

Лиса по смртта на Стив одлучила да проговори за нивниот однос во мемоарите со наслов “Small Fry”.
Во една прилика кога дошла да го посети во болница, таа одлучила да стави тоалетна вода на себе, а Џобс ѝ кажал дека “мириса како тоалет”. Кога го замолила да ѝ го остави својот Порше автомобил, тој ѝ одговорил дека нема да добие ништо. Пред својата смрт, Стив Џобс бил свесен дека грешел, но веќе било доцна за се’.


“Би сакал поинаку да се однесувам. Тогаш не се гледав како татко и не можев да се соочам со тоа. Пробав да ја направам вистинската работа, но да имам уште една прилика да се вратам во минатото, се’ би било поинаку”, изјавил визионерот.
Стив бил пет години во врска со мајката на Лиса, а кога таа останала трудна, тој ја оставил и тврдел дека е стерилен и дека поради тоа не може да има деца. Со Лиса воспоставил контакт дури кога таа имала девет години, но секогаш имал лош однос кон неа.
Џобс се оженил со Лорен Пауел во 1989 година, со која има три деца – Ив, Ерин и Рид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.