Ќе биде ли сабота неработен ден?

Саботата да биде неработен ден, и да не се работи повеќе од 38 часа неделно.
Oва го бараат од Сојузот на синдикатите на Македонија. Доставија свој предлог на Законот за работните односи до Министерството за труд и социјална политика во текот на февруари 2019 година.


ССМ предложи ден на неделен одмор да биде сабота и недела.
Владата планира неделата да биде неработен ден за сите, а работниците да се плаќаат по работен час.
Од Владата ги разгледуваат овие опции по реакциите на работниците во секторите каде што се работи прекувремено, посебно во недела и за време на празници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.