Ќе ви падне вилицата кога ќе видите како изгледа свекрвата Цеца- Анастасија игра оро, Вељко фрла евра на музиката

Во Белград започна свадбата на деценијата, а сватовите во овие моменти се упатија и кон Титл по невестата.
Од рано утрово во домот на Цеца пристигнаа и музикантите, а идната свекрва не ја криеше насмевката на своето лице.
Освен Цеца и Анастасија највесел беше и Вељко Ражнатовиќ кој денеска ќе стапи во брак со неговата избраничка која на пролет ќе му роди и дете.


Пред нивниот дом на Дедиње тој фрлаше по 50 и 100 евра на музикантите додека Цеца се веселеше со гостите.
Младоженецот за оваа прилика носи црно елегантно одело, додека Цеца блесна во тигреста кошула и бели пантолани.


Слична комбинација има и сестрата на Вељко која бомбастично изгледа во целосен комбинезон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.