Ќе има ли истрага за Лајонес? – Маркетери велат дека се оштетени за 150 милиони евра

За бескрупулозноста на наведената група на Маркетери имаме безброј докази, како изјави на оштетени и сведоци, потоа преку 150 часови снимен видео и аудио материјал, меѓу кои и конкретните ветувања и гаранции, поттикнување на посетителите на нивните наведувачки перформанси да продаваат станови, ниви, да земаат кредити и останати задолжувања и да ги вложат во ’нивниот бизнис’.

Група од педесетина граѓани на Македонија, кои биле дел од Лајонес-Мајворлд шемата во земјава, проценуваат дека со овој пирамидален финансиски систем се извлечени од државава околу 150 милиони евра,. Тие се обединиле во група која ја именувале како „Анти-Лајонес Лоби“, чии имиња се познати на редакцијата на НетПрес, но сакаат да останат анонимни, и велат дека само членовите на нивната група се оштетени за околу 800.000 евра.

Обвинуваат за дузина незаконитости и најавуваат правна борба за случајот.

Досега случајот го пријавиле во финансиска полиција, но и во МВР и се во очекување на негово процесуирање.

„Ние, поголема група на членови на Лајонес (Лајконет, Мајворлд) на овој начин сакаме да ја известиме јавноста, но и надлежните државни органи, за основани сомневања дека организирана група на Лајонес (Мајворлд) Маркетери, според наши сознанија, има извршено голем дел на нелегални и незаконски активности со кои истата група се има здобиено со голема материјална корист, а на штета на голем дел од нас „врбувани“ и измамени од групата Маркетери која на овој начин ја пријавуваме.

Лоша вест за многу Македонци: Банкротираше Лајонес, неизвесна е судбината и на Лајконет – се огласи и Зоран Витанов

„Идејата не банкротира“- Зоран Витанов започнува план за нова апликација и обнова на мрежата

Повеќе на НетПрес

Пронајдете не на следниве мрежи: