Ќе има ли поскапување на струјата во јуни или јули?

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски за дека во јуни или јули годинава нема да дозволат зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар.
-РКЕ вообичаено во јуни или во јули ги носи своите одлуки за цени на електрична енергија, но ќе ги преземе сите механизми кои и се на располагање, можеби ќе излезе и од своите законски надлежности пропишани во Законот за енергетика и нема да дозволи зголемување на цената на електрична енергија, вели Бислимоски.
Во нашите одлуки за цени, нагласува, влијаеме на крајната цена со 38 проценти, односно само на цената за пренос и за дистрибуција на електрична енергија, а на 52 проценти не можеме да влијаеме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.