Ќе има мало намалување на цената на струјата

Подготвителната седница на Регулаторната комисија за цената на електричната енергија е закажана за утре. Компанијата ЕВН побарала зголемување на цената на струјата за девет проценти, ЕЛЕМ побарале намалување за 1,5 проценти, а МЕПСО не побарале ниту зголемување, ниту намалување. Новото раководство на Регулаторна најавува и преоценување на мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија со цел да се намалат трошоците на потрошувачите за приклучување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.