Ќе им се суди за Талир на раководството на Груевски

Одобрено е од судот обвинението за случајот „Талир“ со кое поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексгенералниот секретар на Владата и на партијата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и десна рака на Груевски, пратеникот Илија Димовски и 15 години пратеник во парламентот, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска се обвинети дека незаконски добиле најмалку 283.000.000 денари во кеш за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро – сметката на партијата преку уплатници на име на разни членови од партијата, од кои најголем дел не ни знаеле дека им се користат имињата за уплати на пари…
Обвинети се овие луѓе за кривично дело „незаконско финансирање на правно лице – политичка партија“. Чингаровска подоцна ја призна вината, се спогоди и доби условна казна. Од кривичниот суд информираат дека по формирање на кривичен предмет по оценетиот обвинителен акт, истиот согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на судија кој ќе треба да суди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.