четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ќе се зголемат платите во јавните установи за социјална заштита

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за социјална политика, демографија и млади и синдикатите на УПОЗ и СОНК потпишаа нов колективен договор со кој ќе се овозможи зголемување на платите на вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, информира министерот Фатмир Лимани.

Тој на својата фејсбук страница пишува дека денеска со Синдикатот на УПОЗ и СОНК, го потпишале новиот Колективен договор кој, како што нагласува,  им носи заслужено зголемување на платите на сите вработени – вклучувајќи ги и директорите – во системот на социјална заштита.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Овој договор значи  – подобрување на работните услови, зголемена правна сигурност, продлабочување на социјалниот дијалог, пишува Лимани на Фејсбук

Ова, нагласува, е признание за трудот, посветеноста и хуманата мисија на сите вработени во системот на социјална заштита. Со мотивирани и вредни работници, потенцира министерот Лимани, нудиме квалитетни и достапни услуги за сите граѓани.

Поврзани вести