Ќе се најде решение за статусот на СЈО

Премиерот Зоран Заев денес изрази оптимизам дека е можно деновиве да се дојде до решение за статусот на СЈО, во рамки на предлог Законот за јавното обвинителство.
– Мислам дека можеме овие денови пред објавување на извештајот на 29 мај да го заокружиме овој процес и двете условно кажано страни во преговарачкиот процес да објават дека е постигнат договор, изјави Заев по денешната дебата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на коцептот за едно општество и мултикултурализам.
Министерката за правда, Рената Дескоска, пак, иако информираше дека се уште нема закажано нова средба, рече дека многу работи во нашата држава се решавале во последен момент така што, се е можно. Таа, исто така, изјави и дека верува дека веќе созрева свеста кај сите политички партии дека она што значи барање за амнестија не смее и не може да помине.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.