Ќе се реновира Железничката станица во Скопје, ќе се задржи автентичниот изглед

Железничката станица во Скопје ќе се реновира, а притоа ќе се задржи автентичкиот изглед проектиран од Кензо Танге. Ќе се врши замена на инсталацијата и ќе се забрани рекламирање на билборди.
Директорот на Македонски железници – Инфраструктура Синиша Ивановски денеска изјави дека нема да се брза со проектирањето кое би траело околу една година.
– Ќе се врши замена на инсталацијата, водоводот, греењето и ладењето. Ќе има забрана за рекламирање на какви било рекламни билборди. Станицата не може да биде турбофолк хаб, може да има содржини од општествен интерес, но ќебапчилници од кои мирисот се шири низ цела станица нема да има. Ќе има целосно нови правила на Железничката станица, изјави Ивановски.
Проектирањето ќе го вршат Архитектонскиот и Градежниот факултет.
– Тоа што сега ќе го направиме треба да трае во наредните 50 до 100 години и нема да брзаме со проектирање. Ни треба минимум една година во која треба да добиеме проект со фази. Целосно реконструирана железничка станица, пруга од железничка станица до аеродром Петровец и во исто време брза железничка пруга на Коридор 10. Овие трите работи е добро да се случат во исто време. Финансирањето може да биде од државниот буџет, од заеми од ЕБРД или ЕИБ, но не ја исклучувам можноста оваа железничка станица да влезе во стратешкото партнерство со Велика Британија, изјави директорот на Македонски железници – Инфраструктура.

Пронајдете не на следниве мрежи: