Ѝ ја скратил косата на сестра му, а поради интервенцијата на фризерката ќе посакате иста фризура

Познато е дека малите деца сакаат да експериментираат, да глумат возрасни и се разбира, мислат дека сето тоа им оди од рака.
Ако постои една работа на која може да се обложите како родител е тоа дека детето барем еднаш ќе земе ножици во раце и ќе си ја скрати косата или тоа ќе им го направи на својата сестра или брат.
Без оглед на тоа колкупати сте им објасниле дека ножиците не се за кратење коса, децата сакаат да ги проверат сопствените граници и да пробаат нови работи.

Еден таков доказ на својот Фејсбук профил споделила и Џен Булок, фризерка во американската држава Аризона. Имено, објавила фотографија од ќерката на една нејзина клиентките, за чија фризура се погрижил лично нејзиниот брат.
Детето толку добро “ја средило“ сестра си, што целата приказна била подложна на интервенција од стручна фризерка. А, резултатот е неверојатен.
Неговата сестра на крајот добила права рокерска фризура. Џен едната страна ѝ ја скратила, додека другата ја оставила долга.
Иако на родителите на почетокот ова воопшто не им било смешно, сега имаат анегдота која ќе ја раскажуваат дури и кога нивната ќерка ќе порасне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.