Џабе везеш би била онаа народната на сите кои се ситеа што , ако се вратил Грујо, кој повеќе ќе добие СДСМ или ВМРО, а човекот си се средил со време и си ја забетонирал сосотојбата. Се разбира преку другарот Орбан кој иако не е на власт го обезбедил пријателот.
Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија кој од 2018 година живее во Унгарија, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „унгарски државен интерес“, објавува истражувачкиот портал ВиСквер (VSquare), повикувајќи се на извори од унгарската влада.
Според објавата, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, а неговиот статус е значително посигурен од статусот на други политички азиланти кои добиле заштита од претходната власт на Виктор Орбан.
„Унгарски владин извор потврди дека Никола Груевски добил целосно унгарско државјанство во 2022 година поради ‘унгарски државен интерес’. Според друг владин извор, се верува дека тој и натаму е во Унгарија“, наведува ВиСквер.
Порталот посочува дека државјанството претставува многу посилна правна заштита отколку политичкиот азил, бидејќи азилот може да биде одземен, додека одземањето државјанство е значително посложена постапка.
Според анализата на ВиСквер, за да му биде одземено државјанството, би требало да се докаже дека било стекнато со измама или корупција.
Груевски избега од Македонија во ноември 2018 година, непосредно пред да започне со издржување на двегодишната затворска казна во предметот „Тенк“, поврзан со набавката на луксузен блиндиран „мерцедес“. Потоа преку Албанија, Црна Гора и Србија стигна во Унгарија, каде што доби политички азил.
Во текстот се наведува и дека унгарската влада не одговорила на барањето за коментар во врска со информациите за државјанството на Груевски.
Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, остро реагираше на најавите за можна екстрадиција, обвинувајќи дека против него бил воден политички мотивиран прогон со „монтирани судски постапки“.
Тој ја критикуваше изјавата на министерот за правда, посочувајќи дека наместо да собира информации за неговиот статус, треба да ги истражи, како што вели, „злоупотребите и незаконитостите“ во периодот на поранешната власт.
The post Џабе стравови и радости, па Грујо си обезбедил унгарско државјанство appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



