Џафери во Романија и Литванија на ратфикацијата на Протоколот за НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од денес до 14 март ќе престојува во работна посета на Романија и Литванија, а ќе го придружува пратеникот Панчо Минов.
Причината за посетата е чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во собранијата на двете земји членки на ЕУ и НАТО. Во Парламентот на Романија седницата е најавена за 13 март, а во Литванија за 14 март. Притоа Џафери ќе има и обраќање пред пратениците на Сејмот на Литванија, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието.
Во рамките на двете работни посети претседателот Џафери ќе има и билатерални средби со домаќините и со други државни претставници од Романија и Литванија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.