Џек Николсон: Осамен сум, сакам да умрам сам

Холивидската ѕвезда Џек Николсон, познат во филмскиот свет како женкар, првпат призна дека е осамен и дека би сакал да умре сам.
Во интервју за неделникот „Клозер“ 82-­годишниот Николсон вели дека сѐ уште е на возраст за да може да биде со некого, но верува дека „шансите за тоа не се ниту малку реални“.
Во ретко искреното интервју, тој открива дека не може да разговара со жените во јавноста, како што тоа го правел некогаш, признавајќи дека причина за тоа е неговиот углед на човек кој веднаш почнува да ги „напаѓа“ и да им се додворува.
Николсон зборува и за својата долга и бурна љубовна врска со актерката Анџелика Хјустон, опишувајќи го нивното раскинување како „еден од најтешките периоди во животот“. За „Клозер“ тој раскажува дека секој ден спие до 13 часот.


Првата работа што потоа ќе ја направи е да испие чаша млеко за да, како што вели, го освежи стомакот, а подоцна оди да се прошета до првата куќа до неговата. Тоа е куќата на неговиот некогашен пријател Марлон Брандо, што сега ја поседува за да ужива во уметничките предмети во неа. Николсон нема ниту соседи ниту комуникација со некого. Вели дека како и порано и сега игра голф.
Џек Николсон првпат беше оженет со актерката Сандра Најт, со која беше во брак шест години, до 1968 година. Од таа врска ја има ќерката Џенифер, која сега има 52 години.
Со Анџелика Хјустон (63) првпат се запознал во 1973 година и останале заедно 16 години. Врската била прекината поради неговата љубовна афера со актерката Ребека Лореин, со која има два сина. Во својата автобиографија, објавена минатата година, Хјустон открива дека „жестоко го натепала“ кога Николсон ѝ признал дека има љубовна врска со друга жена, кратко велејќи дека „некој ќе има бебе“.
Анџелика Хјустон, меѓутоа, во книгата признава дека го обожува Џек Николсон и дека ќе го сака сѐ до крајот на својот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.