Џеладин од затворот Идризово: Одам гладен и жеден во кревет секоја вечер

Првиот канал на германската државна телевизија објави репортажа од затворот Идризово во Скопје во која се нотираат нехуманите услови во оваа институција и проблемите со кои се соочуваат тамошните затвореници.
„Умирам од глад. Како да штрајкувам со глад. Умирам од глад“, вели затвореникот Џеладин во репортажата на првиот канал на германската државна телевизија. „Тој секоја вечер оди гладен и жеден во кревет“, вели репортерот на АРД укажувајќи притоа дека Џеладин за ручек добива една мала паштета и салата.


„Павилјонот А во затворот Идризово во близина на Скопје е озлогласен. Тука се сместени тешки криминалци. Убијци, дилери на дрога, силувачи – во многу лоши услови. Мажите живеат во големи простории, кои си ги одвоиле со кревети и ќебиња во мали ќелии. Десет до 20 мажи делат една просторија“.
„Гипсот се распаѓа од ѕидовите кои се речиси соголени. Во тоалетите смрди, а подот открива влага. Затворениците се разбеснуваат кога раскажуваат за условите: ‘Тука не можете ни на шолја да седнете. Изметот цело време паѓа од горе долу“, пишува АРД. Џеладин е осуден за кражба и измама. Долго живеел во Германија, а и таму завршил во затвор..

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.